Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија
Проект „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми. Проектот се имплементира од страна на Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје, Здружението на финансиските работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење.
Бул. Партизански одреди 43б / 5, 1000 Скопје, Македонија, Телефон: 00 389 2 6091 060

Прв состанок на партнерите во проектот во канцелариите на АЛДА Скопје
19 април 2017
На 19 април 2017 година, во канцелариите на АЛДА Скопје се одржа првата средба на партнерите во новиот проект „Граѓански организации во служба на локалната демократија“.

Средба на партнерите со Министерката за локална самоуправа, г-ѓа Ширет Елези
2 мај 2017
Министерката за локална самоуправа, г-ѓа Ширет Елези одржа средба со претставници од АЛДА Скопје, Европско движење и Здружение на финансиски работници со цел претставување на новиот проект „Граѓански организации во служба на локалната демократија“.

Втор состанок на Управниот одбор: Продуктивна дискусија за понатамошните активности
31 октомври 2017
Европското движење во Скопје беше домаќин на Управниот одбор на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ на 31 октомври 2017.

Одржани серија обуки за локалните власти и граѓанското општество
Ноември и декември 2017
Во периодот од 23 ноември до 7 декември, беа одржани четири бесплатни дводневни обуки за вкупно 120 претставници од локалните власти и граѓанското општество.

Конференција „Нови предизвици, нови перспективи за локалната демократија“
18 декември 2017
На 18 декември 2017, со почеток од 10 во ЕУ Инфо Центарот во Скопје се одржа конференцијата „Нови предизвици, нови перспективи за локалната демократија“. Конференцијата беше официјално отворена од страна на Амбасадорот на Франција, Н.Е. г Кристијан Тимоние и заменик министерот за Локална самоуправа, г. Дејан Павлески.

Повик за доделување грантови
Преку ре-грантовата шема за финансиска помош на овој проект ќе се поддржат мали проекти на граѓански организации. Грантовите ќе бидат доделени на проекти кои ќе придонесат кон главната цел на проектот. Ќе бидат поддржани иновативни идеи за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и локалните самоуправи.
